Барај

МЕНИ

Историјат
Програмски активности
Наставен кадар
Распоред
Како до спорт. објекти
Фото галерија
Локација
Истражување
Дома

 

ИСТОРИЈАТ

Наставата по физичко образование за студентите од нематичните факултети на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје започнува во далечната 1968/69 година со 350 студенти од Медицинскиот Факултет, а Центарот за физичко образование формално со Одлука на Советот на Универзитетот е конституиран во 1974 година, со задча целосно да организира и реализира настава по физичко образование со по два часа неделно. Во натамошниот период, секоја учебна година се опфаќаат по два факултети за да денес со оваа настава бидат опфатени сите студенти од прва година и студенти од втора студиска година на три факултети.
Центарот за физичко образование од 01.11.1982 година е во состав на Факултетот за физчка култура како посебна Наставно организациона единица со сите задачи и обврски, да ја организира и реализира наставата по физичко образование, спорт и спортски активности на УКИМ.
Бројот на студентите кои се опфатени со оваа настава е определен со конкурсот за запишување на студенти во прва студиска година и истиот во последниве неколку години се движи помеѓу 5500 до 7000 студенти.
Наставата се изведува во изнајмени спортски објекти, а финасиските средства се обезбедени од буџетот на Р. Македонија.
Во овој момент наставата ја организираат и реализираат вкупно 13 наставници од кои 5 доктори на науки и 8 се со магистратура.