Барај

МЕНИ

Историјат
Програмски активности
Наставен кадар
Распоред
Како до спорт. објекти
Фото галерија
Локација
Истражување
Дома

 

ИСТРАЖУВАЊЕ

Сите вработени наставници во Центарот за физичко образование земаат активно учество со свои сопштенија, научни и стручни трудови на голем број симпозиуми, конгреси, научни собири, трибини кои се организрани како во нашта Република така и во странство.
Центарот за физичко образование при Факултетот за физичка култура во соработка со Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, го организира Првиот Меѓународен симпозиум на тема: "Наставата по физичко образование, спортот и спортските активности на студентите (сосотојби и перспективи)".
Симпозиумот се одржа во Скопје од 25 до 27 Март 2005 година и во иднина истиот ќе стане традиционален.

Во организација на Федерација на универзитетски наставници, тренери  и едукатори  по  кинезиологија на 4 и 5  декември, 2009,  во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз беше организирана 1-ва Меѓународна  научно-стручна конференција во соработка со, Федерација  на  училишен  спорт  на  Македонија и Карате  центар  Кисела  Вода.
На Конференцијата како основи теми беа поставни:

  1. НАСТАВА ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ, СРЕДНИТЕ  и ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА;
  2. НАУЧНО-СТРУЧЕН  ПРИСТАП  ВО  КАРАТЕ  ТРЕНИНГОТ (БОРЕЧКИ  СПОРТОВИ: БОКС, БОРЕЊЕ, ЏУДО, АИКИДО...)
  3. МЕДИЦИНСКИ АСПЕКТИ НА СПОРТСКИОТ ТРЕНИНГ;

На конференцијата учествуваа преу 30 истакнати спортски педагози, а презентирани беа 45 стручни и научни трудови во врска со темата на Конференцијата.
За време на Конференцијата се изврши  и промоција на книгата КАРАТЕ  ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ  од авторите Чедомир  Ј. Саздовски и Ленче  А.  Величковска