Барај

ОБВРСКИ НА СТУДЕНТОТ

 

  • Наставата е задолжителна за сите редовни студенти од прва (на некои факултети и втора) година;
  • Терминот и спортската активност која е одбрана важи за целиот семестар;
  • Услов за добивање потпис е редовно и уредно посетување на наставата и активност на часот;
  • Во текот на еден семестар за потпис е потребно студентот да присуствува на минимум 10 блок часа (да собере минимум 20 бода);
  • За да добијат потпис студентите кои нема да ги соберат потребните бодови во текот на семестарот ќе треба да посетуваат дополнителна настава во текот на зимскиот или летниот распуст;
  • Потпис се добива на крајот на секој семестар;
  • На настава се доаѓа 10 минути порано;
  • На почетокот на часот просторијата се заклучува и повеќе нема влегување. Исто така нема порано одење од настава;
  • На часот е задолжително носење на спортска опрема (тренерки, спортски гакици, маица, дрес, патики);
  • За влегување во сала потребни се чисти патики;
  • Патиките посебно се проверуваат бидејќи не е дозволено доаѓање со патики кои се користат секојдневно;
  • Пари, мобилни (исклучени) и накит не се оставаат во соблекувалната. Центарот не одговара за изгубените и украдените работи;
  • Секоја евентуална направена штета од студентите ќе биде наплатена;
  • Неактивно учество во наставата нема да се признае (студентот нема да добие бодови за тој час);
  • Студентите кои имаат оправдани проблеми, задолжително да го известат наставникот пред почетокот на часот;
  • За сите изостаноци од натсвата - се признава медицинска белешка исклучиво од  матичниот лекар  или  Заводот за спортска медицина. -Види овде
  • Студентот вежба на сопствена одговорност. Во случај на било какви здравствени проблеми студентот е должен да се јави на лекар.
  • Доаѓање во останатите термнини нема да се признае;