Барај

МЕНИ

Историјат
Програмски активности
Наставен кадар
Распоред
Како до спорт. објекти
Фото галерија
Локација
Истражување
Дома

 

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НАСТАВА ПО СПОРТСКА ОСНОВА


Студентите можат да бидат делумно или потполно ослободени по спортска основа. За постапката на ослободување одлучува одговорниот наставник во соработка со останатите наставници во Центарот. Потребната документација за ослободување се предава во текот на првите две недели од почетокот на наставата за секој семестар кај одговорниот наставник на терминот за консултации. Спортското ослободување се однесува на спортистите кои активно се занимааат со спорт и редовно  тренираат. За ослободување потребно е да се донесе:

  • молба за ослободување;
  • потврда од спортската Федерација и Клубот за кој настапувате;
  • копија од спортската книшка за тековната година со извршен лекарски преглед;
  • ако настапувате за клуб кој не е од Скопје и блиската околина, потврда од клубот со кој тренирате во Скопје.

Студентите од трета категорија можат да изостануваат 50% од фондот на часовите. Студентите од прва и втора категорија можат да изостануваат 70% од фондот на часовите.


ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НАСТАВА - ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ


Иако законски не постои право за ослободување од настава, Центарот за физичко образование и спорт им овозможува на студентите да бидат делумно или потполно ослободени поради здравствени причини. За постапката на ослободување одлучува одговорниот наставник во соработка со Заводот за спортска медицина. Потребната документација за ослободување се предава во текот на првите две недели од почетокот на наставата за секој семестар кај одговорниот наставник на терминот за консултации.

За ослободување од наставата потребно е да донесете:

  • копирана здравствена документација;
  • молба за ослободување;

Студентите кои ќе добијат делумно или потполно ослободување од наставата должни се да присуствуваат на наствата и да помагаат во организација и спроведување на наставата во соработка со предметниот наставник. За потполно ослободување студентот треба да напише семинарска работа, а за темата треба да се договори со предметниот наставник.

ПРИВРЕМЕНО ЗДРАВСТВЕНО ОСЛОБОДУВАЊЕ


Во случај на болест или повреда студентите имат право на привремено здравствено ослободување. Потврда за ослободување се признава исклучиво од матичниот лекар. За секоја недела боледување се признаваат по два (2) бода за преметот Физичко образование и спорт.